Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Падот на левиот Икар

Падот на левиот Икар

 

Третиот пакет за спас на Грција ќе дојде. Но, кој ќе ги спроведе реформите и штедењето? Старите партии или “Сириза”? Коментар од Спирос Москову.

0,,18586950_303,00

Грчкиот премиер Алексис Ципрас конечно се разработи како политичар со мисија. За пет месеци тој се колнеше во демократијата и достоинството на грчкиот народ, наместо да развие сериозен концепт со кој ќе ја убеди еврозоната. Заклетвата се покажаа како неуспех. На крајот на минатата недела Ципрас се виде принуден да прифати цела серија услови на доверителите, само и само за да ја зачува Грција од колапс . А синоќа грчкиот парламент стана сведок на едно гласање, во кое голем дел од неговата сопствена партија – цели 39 пратеници и министри – одби да го следи патот на прагматизмот. Со поглед наназад кон минатото едно доста силно крило од владејачката партија “Сириза” продолжува упорно да го усвојува својот краен популизам. Грчката левица имаше својот Икар, но тој вчера падна.

Првите планови на меѓународните институции за штедење и реформи во Грција беа донесени во атинскиот парламент со гласовите на проевропската опозиција. Односно, на конзервативците од “Нова демократија”, на социјалдемократите од ПАСОК и на лево-либералната партија “Потами” – три партии кои најголем дел од левичарите од “Сириза” нарекуваат подбивно “внатрешната Тројка”. Еве сега Ципрас паѓа во зависност од овие таканаречени “внатрешни непријатели”, ако сака конечно да склучи уште привремена спогодба со институциите. Бидејќи во парламентот нема да му се доволни гласовите на оние пратеници од “Сириза” кои се уште го поддржуваат.

Вистинско минско поле

На прв поглед можеме да зборуваме за широк општествен консензус во корист на останувањето на Грција во еврозоната и на понатамошните реформи. Но овој консензус всушност е вистинско минско поле. Во моментов опозициските партии ги даваат своите удели за спасувањето на земјата, но во исто време со злорадост набљудуваат како една лева влада има потреба од нив. Овие опозициски партии меѓутоа за ништо на светот не сакаат да влегуваат во каква било коалиција со “Сириза”. Додека по вчерашното “земјотресно” гласање во парламентот самата “Сириза” конечно се подели на идеолози и реалисти.

Во прво време бурата сигурно ќе постивне откако Ципрас ги истера очекуваните промени во владата и ги исфрли приврзаниците на враќањето на драхмата. Речиси сигурно е дека трет спасувачки пакет за Грција ќе биде примен и земјата привремено ќе се спаси од тотален колапс. Големото прашање сепак гласи: кој ќе ги остварува мерките за штедење и реформи? Дали онаа половина од “Сириза”, која во моментов рони солзи поради принуденоста да се откажат од левичарските фантазии? Или пак старите партии, кои исто така не засветија особено при спроведувањето на првите два спасувачки пакети? Бидејќи за да проработи третиот пакет денес е потребна согласност дека треба да се дејствува решително и со имагинација. А таква согласност нема. Веќе пет години гледаме дека грчкиот политичка систем е неспособен да се справи со националната криза. Досега концептот гласеше: Чекај, а ако треба подгревај ги стари ветувања. Во прво време Ципрас сигурно ќе чека пред да закаже нови избори. Се надеваме дека само ова нема да се случи уште на есен.

loading...