Падот на Мареј е целосен, веќе не е прв рекет во Британија

од Vladimir Zorba

Двократниот олимписки шампион и носител на три Гренд слем титули, Енди Мареј веќе не е прв рекет на Велика Британија.

Во новата листа на АТП, објавена денес, Шкотланѓанецот се рангира на 29. место. Тој не играл од јули минатата година поради повреда на бутот.

Најдобар британски тенисер сега е Кајл Едмунд, кој е на 24. место. Мареј беше број еден во Велика Британија во последните 12 години од 2006 година во продолжение на 608 недели.

30-годишниот Шкотланѓанец претрпе операција во Мелбурн во јануари и се надева дека ќе се врати на теренот на крајот на мај или почетокот на јуни.

Последниот натпревар на Енди Мареј беше во јули 2017 година на „Вимблдон“, кога загуби од Сем Квери (САД).

Слични содржини