Пахор го предложи Јанша за мандатар за состав на нова словенечка Влада

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Словенија Борут Пахор го предложи Јанез Јанша за мандатар за состав на новата влада.

Предлогот за мандатар е резултат на коалицијата која ја договори партијата на Јанша СДС (Словенечка демократска партија).

– Очекувам новата влада да работи за доброто на Словенија и да ги почитува сите демократски принципи, изјави Пахор на заедничката прес-конференција со Јанша.

Претседателот на СДС кажа дека со коалициските партнери констатирале дека немаа цел мандат пред нив, па затоа треба да се посветат на решавање на клучните проблеми на државата, пред се за реформирање на здравствениот систем.

– Вчера потпишавме договор со четири партии кои се различни меѓу себе и сите имаат различни програми, но успеавме да го усогласиме патот по кој ќе се движи државата, изјави мандатарот Јанша.

Слични содржини