Пахор: Македонската страна предложи да положиме венци на гробот на Делчев

од Vladimir Zorba

На новинарско прашање дали посетата на гробот на Гоце Делчев има некаква симболика и дали треба да испрати некаква порака, претседателот на Словенија Борут Пахор одговори дека полагање на венецот е дел од протоколот што го предложила Северна Македонија.

-Немам никакви колебања тоа да не го направам, рече кусо Пахор.

На тоа се надоврза претседателот на земјава Стево Пендаровски, со објаснување дека во оваа ситуација и овој политички контекст во врска со преговорите со ЕУ, Делчев е намерно ставен во агендата.

Посетата на гробот е со децении дел од протоколот кога доаѓаат државници и воопшто не е наменски за оваа прилика.

Слични содржини