Пахор: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е ултимативно геополитичко прашање

од Vladimir Zorba

Словенија ќе донира 4.800 дози вакцини „АстраЗенека“ на Босна и Херцеговина, потврди претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, по денешната средба со претседателот на таа земја, Борут Пахор, кој е во посета на земјата.

Тој рече дека разговарале за борбата против пандемијата, но и за илегалната миграција, на самитот Брдо-Бриони.

– Искуствата на Словенија за миграцијата можат да ни користат. Го имаме Самитот Брдо- Бриони. Треба да водиме дијалог со ЕУ за пристапување. Европа треба да се однесува кон овој регион на посебен начин, имавме такви примери. Посетата на претседателот на Словенија е важен настан за нас во услови кога малку луѓе се изложени, а да не ги спомнувам опасностите, затоа го ценам неговото доаѓање – рече Додик.

Пахор рече дека е задоволен што е во БиХ. Тој додаде дека ќе ги посети војниците на ЕУФОР.

– Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е ултимативно геополитичко прашање и е важно за мирот, безбедноста на луѓето од Западен Балкан, како и за земјите од ЕУ. Како еден од лидерите на земја-членка на ЕУ, разбирам дека тие се уморни од проширувањето и прашањата со кои се занимава ЕУ. Ја изгубивме Велика Британија, односите со Русија, Турција … Земјите ќе имаат предизвици поради епидемијата, но моја желба е европските лидери да разберат на конференцијата во Љубљана дека стратешката одлука за пристапување кон Западен Балкан е многу важна за безбедноста на целата ЕУ. Ќе дадам се од себе да го водам процесот Брдо-Бриони на ист начин – рече Пахор.

Тој рече дека Словенија е традиционално сојузник на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Слични содржини