Пахор: Земјите кандидати треба да ги исполнат бараните реформи

од desk4

Внесување на свеж импулс и силна поддршка на европската перспектива на регионот е словенечка определба, рече домаќинот на Состанокот на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Според Пахор овој процес е двонасочен, односно, земјите кандидати треба да ги исполнат бараните реформи, а земјите членки треба да го држат високо на европската агенда. Тој изјрази жалење што интеграцијата не оди според посакуваното темпо, кое е прашање не само на развојот на земјите од Западен Балкан, туку и на мирот и безбедноста.

На Состанокот организиран од страна на Националното собрание на Република Словенија, во рамките на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ на Брдо при Крањ, Пахор заклучи дека билатералните прашања треба да се решаваат со пристап кој ќе има симболика на меѓусебно помирување, а не на раздвојување.

Слични содржини