Пакистанските власти објавија едномесечен прекин на огнот со пакистанските талибанци, главната вооружена група која стои зад бројните напади врз безбедносните сили и цивилите во последните 14 години.

Владиниот портпарол Фавад Чаудри објави на Твитер дека талибанската Влада во Авганистан помогнала да се постигне договор за прекин на огнот меѓу премиерот Имран Кан и пакистанските бунтовници Техрек-е-Талибан Пакистан (ТТП).

Портпаролот на ТТП, Мухамед Курасани, потврди дека прекинот на огнот ќе биде во сила од 9 ноември до 9 декември, при што двете страни ќе формираат комитет за продолжување на преговорите. Тој рече дека двете страни ќе го почитуваат примирјето.

Договорот беше постигнат во време на тековните мировни разговори меѓу Владата и ТТП кои почнаа минатиот месец. Чаудри рече дека примирјето може да биде продолжено доколку разговорите напредуваат.

Слични содржини