Пакистанец кој живее во САД донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

од Vladimir Zorba

Непознат пакистански државјанин донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф.

„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот Шехбаз Шариф на Твитер.

Тој нагласи дека тоа е „величествен пример за филантропија што му овозможува на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“.

И турската агенција Анадолија ја потврди веста, пренесе Си-Ен-Ен.

Слични содржини