Пакистанскиот премиер отпатува во Иран во обид да ги смири тензиите во регионот

од Vladimir Zorba

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, денеска отпатува во Иран за да се обиде да ги намали тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека посетата на Кан на Техеран ќе се фокусира на „мирот и безбедноста во регионот“.

Кан ќе се сретне со врховниот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Рохани.

По Техеран, Кан ќе отпатува за Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Пакистан е близок сојузник на Саудиска Арабија, но се обидува дипломатски  да балансира меѓу Техеран и Ријад

Слични содржини