Палачинки без брашно

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 4 јајца

– 150 мл млеко

– 1,5 кесички пудинг од ванила

– 20 гр шеќер

– 2 лажици гриз

– 40 гр свежо сирење (крем сирење), како она за чизкејк

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во сад и убаво се мешаат со жица додека се убаво не се соедини.

Оставете го тестото да отстои 10 минути, па повторно измешајте.

Во загреана тава на малку масло пржете ги палачинките. За полесно вртење се препорачува да се пржат во помала тава.

Послужете ги полнети со џем, крем или по желба.

Слични содржини