Палачинки од банана

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

(за 4 лица)

– 2 шолји брашно

– 1 ванилин шеќер

– 2 јајца

– прстофат сол

– банана

– чаша млеко

Подготовка:

Прво измешајте ги сите суви состојки.

Потоа во друг сад изгмечете ја бананата, додадете ги јајцата и млекото, па измешајте.

Сите суви состојки соединете ги со течните состојки за да добиете средно густа смеса.

Во тавче ставете масло и оставете да се загрее. Кога ќе се загрее, ставете ја смесата на тавата, а кога палачинката ќе порумени, превртете ја и испечете ја од другата страна.

Декорација по желба.

Слични содржини