Палмер: Администрацијата на Бајден ќе го има истиот пристап кон Балканот

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, рече дека администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе продолжи да го има истиот пристап кон Балканот, „стабилен и континуиран“, како и сите претходни администрации.

Палмер за Радио Телевизија Албанија изјави дека очекува новата косовска влада, формирана по изборите следниот месец, да го „процени пристапот кон дијалогот“ со Белград, пренесува РТС.

Соединетите држави ја поздравуваат новата влада што ќе се формира на изборите на 14 февруари во Косово и ќе бидат нејзин партнер, додаде Палмер, кој очекува од нив да се занимаваат со разни теми и прашања во интерес на граѓаните и мирот во регионот.

„Ќе бидеме добар партнер на оваа влада, како и на претходните влади на Косово. Верувам дека ќе биде важно за оваа влада да се осврне на некои прашања што остануваат предизвик, вклучувајќи владеење на правото, транспарентно и отчетно управување, поттикнување на економски раст и можности за развој на странските инвеститори“, оцени тој.

Тоа е можност да се види дека тие имаат жива економија што им овозможува на младите да веруваат дека нивната иднина е подобра во Косово отколку во странство, рече Палмер.

Слични содржини