Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

од Nikola Popovski

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

„На страните им останува да ги утврдат параметрите на дијалогот“, рече тој во интервју за порталот „ЕУ обсервер во Брисел“, запрашан за планот за размена на територии, пренесува Бета.

„Она што го поддржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса, да ги стават сите важни прашања на масата за преговарање и да најдат начин за нормализирање на односите“, рече Палмер.

„Идеално би било со взаемен договор. Ние би сакале да го видиме взаемното признавање на Србија и Косово како резултат на овој процес“, додаде тој.

Палмер одби да одговори на дополнителните прашања за тоа дали ставот на САД е во спротивност со ставот на Германија дека договорот меѓу Србија и Косово за размена на територии може да го дестабилизира регионот.

Слични содржини