Палмер: С. Македонија има направено доволно за одржување на Меѓувладина конференција

од Nikola Popovski

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер смета дека билатералните прашања меѓу Бугарија и Македонија треба да се решаваат на билатерален начин.

„Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, изјавил Палмер, за Гласот на Америка.

Според него, цената за влез во ЕУ е јасна и образложена на околу 80 илјади страници со правила и регулативи.

„Тоа е процес базиран на стандарди. Сакаме да видиме Северна Македонија да продолжи со реформите кои отворија врата кон Европа. Како што реков, има билатерални проблеми, кои можат и треба да се решат преку билатерален пат. Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, кои ќе осигураат Северна Македонија да биде членка на ЕУ“, рече Палмер.

Слични содржини