Палмер: САД очекуваат влада која ќе ја води Северна Македонија напред кон ЕУ

од Aleksandar Petrovski

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

„Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија“, рече Палмер, додавајќи дека САД очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

„Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија“, рече тој.

Слични содржини