Памела Андерсон го прослави 56-тиот роденден: И денес остава без здив (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
444 прегледи

Памела Андерсон се стекна со светска слава во познатата серија „Чувари на плажа“ во која глумеше од 1992 до 1997 година.

Од моментот кога ѝ се претстави на јавноста, таа ја освои публиката со својот атрактивен изглед.

Таа првпат позираше за насловната страница на „Плејбој“ во октомври 1989 година, а во доцните осумдесетти и деведесетти важеше за секс симбол.

Памела ја заинтригира јавноста со својот изглед и однесување, а нејзините обожаватели особено ги интересираше љубовниот живот на актерката кој беше многу бурен.

Актерката се мажеше дури шест пати, а светските медиуми редовно пишуваа за нејзините љубовни бродоломи.

Познатата актерка на први јули го прослави својот 56-ти роденден, а низ годините успеа да го задржи атрактивниот изглед по кој беше позната.

Слични содржини