Памела Андерсон шокирана поради апсењето на Асанж

од Vlatko K

Холивудската глумица Памела Андерсон ги нарече денеска САД, Велика Британија и Еквадор
„ѓаволи, лажговци и крадци“, бидејќи нејзиниот пријател, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е
уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.


– И вие ќе скапете. А ние ќе се исправиме, порача Андересон на Твитер.
Таа додаде дека е шокирана поради апсењето на Асанж, оценувајќи дека на снимката на која се
гледа како го изнесуваат од зградата на Амбасадата и го внесуваат во полициско возило, тој
изгледал многу лошо.

– Како можеше Еквадоре?, запраша актерката, а потоа одговори: „Затоа што ве разоткри?“. Истото
прашање и го постави и Велика Британија.

– Секако, ти си американска к***а и треба да го свртиш вниманието од твоето идиотско Брегзит
с***е, нагласи Андерсон.

Кога станува збор за САД, напишала: „Оваа токсична кукавица од претседател, тој треба да ја
собере својата база? Ти си себичен и поради тебе целиот свет назадува“.
Асанж (47) е уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор во Лондон, бидејќи Владата на таа земја му
го укина азилот.

Слични содржини