Памела Андерсон во ТЕСЕН ЦРН ФУСТАН, актерката се уште плени со својот изглед (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерката Памела Андерсон е позната по својот беспрекорен изглед, тело и лице кои со децении се предмет на желба на многу мажи.

И покрај тоа што веќе навлезе во шестата деценија, актерката сепак изгледа многу негувано и фит. Таа вчера во Лос Анџелес се појави на јавен настан, облечена многу скромно, што ни малку не влијаеше на крајниот впечаток.

Актерката за оваа пригода се облече скромно. Таа избрала едноставен црн долг фустан со благо деколте. Намалена е и шминката и фризурата, а со се искомбинирала црни салонки и мала чанта.

Памела ја задржа насмевката од лицето додека позираше пред фотографите.

Слични содржини