Панасоник го продаде уделот во Тесла за повеќе од 3,5 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонскиот производител на електронички уреди „Панасоник“, објави дека го продал уделот на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ за 3,61 милијарди долари за фискалната година што заврши во март.

Продажбата се совпадна со напорите на јапонскиот конгломерат да ја намали зависноста од „Тесла“ и да собере пари за инвестиции.

„Тесла“ доминира во бизнисот со батерии на „Панасоник“, но односите меѓу двете компании повремено минуваа низ периоди на напнатост, наведува „Ројтерс“.

Американската компанија неодамна одлучи да го прошири кругот на добавувачи на батерии, склучувајќи договори со јужнокорејскиот LG Energy Solution и со кинескиот CATL.

Слични содржини