Панчев: Со Украина нема да биде полесно

од Берта Китинска

Легендарниот фудбалер Дарко Панчев во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ21, вели дека на мечот со  Украина нема да биде ништо полесно во однос на оној со Австрија.

„Украина е една типична екипа која се уште ја поседуваа онаа позната руска школа од порано, со пас играл, силни се физички, цврсти, високи, одлични во скок игра. Впрочем со Холандија дадоа гол по прекин со глава, знаат да играат фудбал, како и цела источна Европа, која ја гаела таа игра со пасови, така и Украинците. Така да мислам дека нема да ни биде полесно отколку со Австрија“, посочи Панчев.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра денес со почеток од 15:00 часот, а УЕФА за главен арбитар го делегираше Аргентинецот Андрес Рапалини.

Слични содржини