Панчевски добивал хонорари од Министерство за правда додека бил претседател на Кривичниот суд

од Aleksandar Todeski

Додека бил претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Владимир Панчевски земал и хонорари од Министерството за правда за „образовни услуги“ и „други договорни услуги“. Ова го покажува алатката „Отворени финансии“, на која може да се видат трансакциите на државните институции кон правни и физички лица.

 

Панчевски во 2015 година, кога се уште беше на чело на Кривичниот суд добил 2 хонорари од Министерството за правда, 50.000 денари за „други образовни услуги“ исплатени 21 јули и дополнителни 15.000 денари исплатени 2 јуни 2015 година за „други договорни услуги“.

Моментално суспендираниот Владимир Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, односно дека од јануари 2013 до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања, процес чие судење ќе биде во Велешкиот кривичен суд.

Тој е осуден и за мобинг, за што го тужеше Горан Стаменковски, поранешен раководител на Одделот за човечки ресурси во Киривчниот суд во Скопје.

Во извештајот на Американскиот Стејт департмент, Владимир Панчевски како поранешен претседател на скопскиот Кривичен суд, заедно со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, судијката во Кривичниот суд Сoфија Лаличиќ, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска и Светлана Костовска од Вишиот Управен суд се нотирани како судии дозволиле политиката директно да се вмеша во судството.

Александар Тодески

Слични содржини