Панчевски се пријавил во „Шутка“

од Vladimir Zorba

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се предал и се пријавил во затворот во Шутка, каде треба да помине 30 дена вo притвор, дознаваме од наши извори.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на вчерашната прес-конференција потврди дека Панчевски се бара со потерница. Полициските службеници три пати не го нашле Панчевски на адресата која била оставена на решението за приведување, па сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава.

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Против его беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во кривичниот суд.

На Панчевски треба да му суди велешкиот суд, за да се избегне евентуална пристрасност бидејќи тој претходно раководеше со кривичниот суд во Скопје.

Судењето се одложува повеќе од 9 месеци и досега не е почната ни главната расправа.

Слични содржини