Панчо Минов ја напушта пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

Пратеникот Панчо Минов вечерва во емисијата Анализа на телевизијата 24Вести изјави дека ќе ја напушти пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи во Парламентот да делува самостојно во опозиција како пратеник на ГРОМ. 

Тој истакна дека ваквата одлука ја донел откако добил информација дека на вечерашнава седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ бил разрешен од партиската функција Митко Јанчев, кој е актуелен градоначалник на Кавадарци и потпретседател на партијата.

Минов нагласи дека неговото повлекување од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе трае се додека претседател на оваа партија е Христијан Мицкоски, поради неговите недемократски потези и исклучување од редовите на партијата на сите оние кои имаат различно мислење.

Слични содржини