Пандемична „бура“ пристигна во Јужна Африка

од Vladimir Zorba

Бројот на потврдени нови случаи на коронавирус во Јужна Африка денес е 13.497, со што вкупниот број заразени е 264.184, а министерот за здравство Звели Мхизе рече дека „бурата КОВИД-19“ за која претходно предупредуваа властите, сега ја погоди земјата.

Според АП, повеќе од една третина од новите случаи потекнуваат од ново жариште, провинцијата Гаутенг, од која дел се Јоханесбург и главниот град Преторија, а вкупниот број на смртни случаи од КОВИД-19 во целата држава е 3.971.

Јавните болници во Јужна Африка веќе изразија загриженост за недоволниот број болнички кревети и недостатокот на медицински кислород.

Меѓу оние кои се тестираат за вирусот, повеќе од 25 проценти се позитивни, што, како што посочуваат надлежните, може да биде одраз на ширењето на инфекцијата, но и поизразен фокус на тестирање на одредени групи од населението, според АП.

Слични содржини