„Пандемија на невакцинираните“: Делта сојот стана доминантен во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Делта-сојот на коронавирусот сега доминира низ целиот свет, придружен со зголемување на бројот на смртни случаи во САД, скоро целосно меѓу невакцинираните лица, соопштија американските власти. Делта-сојот, кој е значително позаразен од оригиналниот вид на коронавирус, е откриен во повеќе од 100 земји низ светот и сега е доминантен, изјави водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.

Бројот на заразени во САД се зголеми за 70 проценти во текот на претходната недела, а бројот на смртни случаи се зголеми за 26 проценти, со ширење на инфекцијата во делови од земјата со ниска стапка на вакцинација, рече директорот на Центарот за превенција и контрола на болести Рошел Валенски.

Седумдневниот просечен број на дневни случаи сега е поголем од 26.000, што е скоро повеќе од двојно во споредба со 11.000, што е најмал број забележан во јуни.

„Ова станува пандемија на невакцинираните“, рече таа, додавајќи дека 97 проценти од хоспитализираните лица во САД се невакцинирани.

Поголема шанса за хоспитализација е забележана кај делта-варијантата.

Делта-вирусот, кој е значително позаразен од оригиналниот вид на коронавирус, е откриен во повеќе од 100 земји низ светот и сега е доминантен, изјави водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.

„Имаме работа со застрашувачки вид“, рече Фачи.

Светската здравствена организација минатиот месец предупреди дека делта-вирусот наскоро може да стане најраспространетиот вид во светот поради неговата висока преносливост.

Делтата варијантата на КОВИД-19 првпат се појави во Индија во октомври 2020 година, е многу позаразна од другите и се покажа како поотпорна на вакцините, иако тие сепак штитат од најтешките форми на КОВИД-19 и смртни случаи.

Слични содржини