Пандемијата ја зголеми продажбата на цигари во САД за прв пат по 20 години

од Берта Китинска

Во 2020 година, Американците купиле повеќе цигари отколку во 2019 година, покажуваат податоците на Федералната трговска комисија. Ова е прво зголемување на продажбата на тутун во САД во последните две децении.

Вкупно, нивниот број се зголеми за 0,4 отсто на 203,7 милијарди, од 202,9 милијарди во 2019 година, покажуваат податоците.

Комисијата не наведе причина во својот извештај и одби да коментира.

Altria Group, производителот на Marlboro, веќе ја наведе пандемијата како причина луѓето почесто да „запалат“. Извршниот директор Бил Гифорд рече дека Американците трошат помалку на патување, бензин и забава и дека помалиот социјален контакт води до поголема употреба на тутун.

Продажбата на алкохол, исто така, се зголеми во 2020 година.

Слични содржини