„Пандемијата ќе заврши кога светот ќе реши“

од Milan1

– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече  Тедрос Аданом Гебрејесус генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.

Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно” и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена”.

Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година. Тедрос редовно истакнува дека жали поради акумулацијата на вакцини против Ковид во богатите земји.

Според него, „тоа е можно само ако земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето ги претворат своите зборови во дела”.

– Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија, рече Тедрос.

Слични содржини