Пандемијата нè чини 375 милијарди долари месечно

од Vladimir Zorba

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ја чини глобалната економија околу 375 милијарди долари месечно, соопшти Светската здравствена организација на основа на информациите на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува CNN.

“ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 билиони долари“, рекол Тедрос Аханом Гебресус.

Според него, светот веќе потроши билиони занимавајќи се со краткорочните последици од пандемијата. Само државите од Г20 мобилизираа над 10 билиони долари фискална поддршка на економиите.

“Тоа е трипати повеќе одошто светот потроши како одговор на глобалната финансиска криза“, рекол тој.

Слични содржини