ПАНДЕМИЈАТА НЕ СТИВНУВА: Над 12,75 милиони луѓе заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba

Повеќе од 12,75 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, додека 563.869 пациенти починале како резултат на КОВИД-19, пренесува Ројтерс.

Русија вчера регистрираше уште 6.615 нови случаи на заразени, со што се зголеми вкупниот број на пациенти на 727.168. Во претходните 24 часа во земјата починаа уште 130 пациенти со потврден коронавирус, вкупно 11.335 досега, додека 501.061 лица се лекуваат од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата.

Во Мексико, бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 6.094 и во моментов изнесува 295.268, додека во претходните 24 часа бројот на нови смртни случаи се зголеми за 539 на 34.730. Досега се излечиле 180.852 лица од КОВИД-19 во оваа земја.

Бангладеш исто така забележа поголемо зголемување на бројот на нови случаи, кога уште 2.666 лица се разболеле со КОВИД-19 во текот на претходниот ден, вкупно 183.795 од почетокот на пандемијата, додека од оваа болест умреле 2.352 лица, од кои 47 вчера. Во моментов има 87.829 активни случаи на инфекција во оваа земја.

Пакистан има сличен број на новозаразени – 2.521, што го зголеми вкупниот број на пациенти во оваа земја на 248.872 од почетокот на пандемијата. Уште 74 лица во оваа земја ги загубија животите заради вирусот, досега 5.119, додека се излечиле 156.700 пациенти.

Боливија има 1.635 повеќе случаи на КОВИД-19 од вчера, вкупно 47.200, како и 52 нови смртни случаи како резултат на оваа болест, 1.754 од почетокот на пандемијата. 31.111 луѓе сè уште не се излечиле од коронавирусот во оваа земја.

Во Украина, во текот на претходните 24 часа, вирусот е потврден кај уште 678 лица, додека уште 11 лица починале како резултат на КОВИД-19. Од почетокот на пандемијата, оваа земја има регистрирано 53.521 случаи на инфекција и 1.383 смртни случаи, додека 26.111 пациенти се излечени од КОВИД-19.

Од почетокот на пандемијата во Индија, короната е потврдена кај 850.827 лица, од кои 469 во претходниот ден. Земјата има 22.696 регистрирани смртни случаи од КОВИД-19, а девет пациенти ја загубија битката со оваа болест вчера. Во моментов има 291.817 активни случаи на инфекција во Индија.

Според Институтот Роберт Кох, бројот на нови случаи во Германија се зголемил за 248 на 198.804 во претходните 24 часа. Во оваа земја, уште три лица починаа како резултат на КОВИД-19, вкупно 9.063 од почетокот на пандемијата.

Слични содржини