„Пандемијата предизвикува цунами на психички и сексуални нарушувања“: Уште една држава се подготвува за пресврт

од Nikola Popovski

Израелскиот министер за здравство Ницан Хоровиц предложи да се истражат можностите за скратување на изолацијата на граѓаните заразени со коронавирусот од седум на пет дена. Според „Тајмс оф Израел“, тој исто така предлага да се скрати периодот на изолација за луѓето кои биле во контакт со заразено лице.

Според сегашните правила, тие мора да бидат изолирани најмалку една недела доколку не биле вакцинирани или не се заразиле со Ковид 19. Сите граѓани кои стекнале имунитет би биле изземени од правилата за изолација врз основа на негативен тест по близок контак со заразено лице.

Високи претставници на министерството разговараа за ова прашање во неделата, а конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови. Според јавниот сервис „Кан“, надлежните имале поделени мислења дали изолацијата треба да се скрати за сите граѓани или само за работниците во најпотребните дејности, пишува „Јутарњи лист“.

Неколку земји веќе го скратија или планираат да го намалат времето на изолација на пет дена, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Швајцарија. Меѓу тие земји е и Србија, која го скрати времето од 14 на 10 дена.

Зголемените повици за скратување на изолацијата се должат на се поголемиот број Израелци, особено студенти и наставници, кои мораат да одат во изолација поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, односно сојот омикрон.

Во текот на минатата недела, неколку министри побараа од Министерството за здравство да го намали карантинот на пет дена.

„Се повеќе деца имаат нарушување во исхраната, пандемијата предизвика цунами од психички нарушувања и ненормално сексуално однесување, сето тоа поради непотребната изолација“, изјавил министерот за образование Џифат Шаса-Битон.

Според новите правила кои стапија на сила минатата недела, периодот на изолација на асимптоматските пациенти е скратен од 10 на седум дена.

Слични содржини