Пандемијата во регионот не се смирува: 304 нови случаи во БиХ, две лица починале

од Nikola Popovski

Регистрирани се нови 304 случаи на коронавирус во Босна и Херцеговина.

Според податоците на Федералниот институт за јавно здравје, во изминатите 24 часа во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.016 лица, од кои 174 биле позитивни за Ковид-19, пренесува босанските медиуми.

Уште две лица починале од вирусот, една жена од Бановиќ, родена 1941 година и маж од Сараево, роден 1946 година.

Во Федерацијата на БиХ, досега се тестирани 81.485 примероци, а коронавирус е потврден кај 5.631 лица. Во моментов, активни се 2.896 случаи, а досега починале 121 лице.

Од последниот извештај за епидемиолошката состојба во Република Српска, тестирани се 663 лабораториски примероци, а коронавирусот е потврден кај 130 лица.

Слични содржини