Пандев останува во Џенова

од Vladimir Zorba

Македонскиот фудбалер Горан Пандев го продолжи договорот со Џенова за уште една година, објави италијанскиот прволигаш.

Како што е наведено, 38-годишниот Пандев, по неговиот историски настап со репрезентацијата на Северна Македонија на Европското првенство, го обнови договорот со Џенова до 30 јуни 2022 година.

Македонскиот фудбалер е во Џенова од 2015 година, а во дресот на „грифините“ одигра 156 натпревари во Серија „А“ и постигна 28 гола.

Во италијанската прва лига одигра вкупно 473 натпревари и постигна 101 гол.

Пандев, кој претходно играше за Интер и за Наполи, е третиот странец во Серија А кој постигнал повеќе од 100 голови и еден од петте играчи кои моментно играат во таа лига.

Долгогодишниот капитен на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство објави дека се повлекува од репрезентацијата, а на почетокот на годината навести и дека размислува за продолжување на професионалната фудбалска кариера за уште една сезона или прифаќање на понудата на Џенова да остане во управата на клубот.

Слични содржини