Пандорините документи откриваат: Блер купил зграда и избегнал данок од 312.000 фунти

од Nikola Popovski

Тони Блер и неговата сопруга Чери не платиле данок од 312.000 фунти кога купиле куќа во Лондон во вредност од 6,45 милиони фунти, се гледа од „Пандорините документи“ што протекоа во јавноста, пренесува Би-Би-Си.

Поранешниот премиер на Велика Британија и неговата сопруга, адвокатка, го купија имотот како канцеларија во 2017 година. Куќата не е купена директно, туку со купување на офшор фирмата во чија сопственост била. Блер рече дека продавачите инсистираат зградата да се продава на овој начин, но додаде дека ќе мора да платат данок на капитална добивка доколку ја продадат.

Кога имотот бил ставен на продажба, крајните сопственици биле семејства со политички врски во Бахреин, но двете страни велат дека не знаат со кого си имаат работа, пренесува Би-Би-Си.

Г-ѓа Блер истакнала дека единствената вмешаност на нејзиниот сопруг во трансакцијата е дека хипотеката на имотот е нивниот заеднички приход и капитал. Блер ја затворил офшор компанијата по купувањето.

Купувањата преку офшор значат дека Блер не треба да плаќа данок. Купувањето на овој имот не ги прекршил законите, но фактот дека Блер, како поранешен премиер, легално избегна лплаќање данок, не наиде на одобрување во британските медиуми.

Откако ја напуштија Даунинг стрит во 2007 година, семејството Блер изгради значајно портфолио на недвижности. Наводно, тие потрошиле 30 милиони фунти за 38 домови пред да ја купат канцеларијата.

Откритието беше пронајдено во Пандора документите, милиони протечени листови хартија кои ја опишуваат работата на компаниите што нудат офшор финансиски услуги на Британските Девствени Острови, Сингапур, Панама, Белизе, Швајцарија и други земји.

„Пандора пејперс“ е афера која претставува протекување на речиси 12 милиони документи и досиеја кои го откриваат тајното богатство и бизнисот на светските лидери, политичари и милионери. Податоците се собрани од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари во Вашингтон и доведоа до еден од најголемите досега. Повеќе од 600 новинари од 117 земји ги погледнаа скриените богатства на некои од најмоќните луѓе на планетата.

Фото: Jonathan Brady / PA Images / Profimedia

Слични содржини