Пандов: Оставка за Димова е најмалку што досега требаше да се направи

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во гостувањето на емисијата „Само вистина“, изјави дека оставката за директорката на Националната агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова е најмалку што досега требало да се направи.

Според Пандов за целиот случај досега требало да има истрага и да се започне постапка.

-Ова е брутално крадење. Да се влезе во било која друга институција, како што ми кажуваат се трошат пари како да нема утре. Пример на овие лица е Зоран Заев и него го следат, а тоа нему му е својствено, вели Пандов.

Тој вели дека вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски досега требал да стори нешто за случајот, а не само да најавува постапка.

Слични содржини