Панел дискусија за родова еднаквост во фудбалот

од Vladimir Zorba

Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа панел дискусија за родова еднаквост во фудбалот.

На овој настан зедоа учество и се обратија Горан Пандев, фудбалер, Силвија Митевска, советничка за спорт на претседателот на Владата, Вики Чадиковска, маркетинг директорка на државна видео лотарија на Македонија, Ангела Рајчевска, фудбалска судијка и Александра Ристовска, фудбалерка.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за значењето, за постигнување родова еднаквост во фудбалот и да ја пренесе пораката дека родовата еднаквост во спортот е еден од приоритетите на Владата на кој интензивно се работи, меѓу кои од посебно значење е борбата против стереотипите во фудбалот, и во спортот воопшто.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија Горан Пандев силно ја поддржа оваа иницијатива и заложбата на Владата за постигнување и реализирање на родово-еднакви политики во фудбалот.

Тој истакна дека еден од предизвиците е менталитетот и ниската свест за фудбалот како спорт во кој еднакво можат да учествуваат девојчиња и момчиња.

Направи споредба и со европските држави, поточно со Италија каде веќе долго живее и работи, каде што во фудбалот во женските лиги значително се инвестира.

Пандев додаде дека натпреварите во женска категорија се застапени во медиумскиот простор, и дека тоа помага при креирање перцепцијата дека фудбалот не е доминантно машки спорт.

Тој истакна дека е свесен за тешкотиите со кои се соочуваат женските фудбалски клубови и повика заеднички да најдеме решение за надминување на родовата дискриминација во сите спортски области.

Слични содржини