Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Панголините не се извор на пандемијата?

Панголините не се извор на пандемијата?

Генетско истражување покажува дека панголините (вид на цицачи) и лилјаците, а можеби и некои други видови, најверојатно, го инкубирале новиот коронавирус пред да се рашири кај луѓето, објави Си-Ен-Ен.

Ова значи дека панголините не можат да бидат извор на пандемија, како што се сметаше досега, затоа што типот на вирусот кај овие животни е премногу различен од САРС-КоВ-2.

Панголините, кои се продаваат како храна во Кина, веќе долго време се сметаат за можен извор на пандемијата. Сепак, научниците тврдат дека е премногу рано панголините да се обвинат за пандемијата и дека другите животински видови, исто така, можеби биле домаќини на вирусот пред да се рашири кај луѓето.

Истражувањето, спроведено од научници од Националната лабораторија Лос Алмос на универзитетот Дјук со колегите, потврди дека коронавирусот постојано ги заменувал гените со слични видови на вирус и заразил лилјаци и панголини, а можеби и други животински видови. Студијата беше објавена во списанието Science Advances.

Тимот анализирал 43 комплетни геноми од три видови на коронавирус кои инфицираат лилјаци и панголини и кои се слични на новиот коронавирус.

Елена Џорџи од Националната лабораторија Лос Алмос, која учествуваше во студијата, рече дека САРС-КоВ-2 има богата еволутивна историја и дека разменувал генетски материјал помеѓу типови на коронавирус кај лилјаци и видови на коронавирус во панголини, пред да добие можност за зарази луѓе.

Сепак, тие забележуваат дека примероците на соеви на коронавирус во панголини кои ги проучувале се премногу различни од САРС-КоВ-2 за да се сметаат за нејзини потомци.

Научниците заклучиле дека луѓето треба да го намалат контактот со дивите животни кои може да им пренесат нови вируси.

loading...