Паника во Хрватска по случајот на коронавирус: Продавниците се празни, растат цените на маските

од Nikola Popovski

Првиот случај на инфекција со коронавирус е потврден во Хрватска, а во аптеките низ цела Хрватска има недостиг на заштитни маски.

Ситуацијата веќе ја експлоатираат некои и се обидуваат да заработат пари. Добавувачите кои се занимаваат со медицински материјали и фармацевтски производи нудат маски за околу едно евро (осум куни). Вообичаената цена на маската е 0,17 куни, пренесува HRT.

Аптеките имаат добиено понуди од некои добавувачи за маски по многу пати повисоки цени од вообичаеното, потврди Претседателката на Лекарската комора

„Цената на единечна хируршка маска, двослојна или трислојна, ако дојде од овие добавувачи, би продавала на мало за околу осум куни и 10 липи“, додаде таа.

Таа рече дека тие биле единствените маски затоа што скоро и да нема маски низ аптеките во Хрватска по редовна цена.

Засега, болниците не треба да имаат проблеми со медицинската опрема.

Хрватските трговци на мало се под зголемен притисок од масовни набавки заради паниката предизвикана од коронавирус, пренесува Seebiz, повикувајќи се на информации што им ги доставуваат читателите.

Најмногу се купуваат залихи на храна – првенствено ориз и тестенини, како и основни потреби, како тоалетна хартија.

Слична е ситуацијата во големиот синџир со продавници „Конзум“ каде, на пример, веќе нема залихи од ориз. Истото важи и за брашно и интегрален тост, кои не се на залиха.

Веројатно, некои од луѓето се исплашени по информациите од Италија, каде биле пријавени стотици случаи на инфекција со коронавирус и засега има седум мртви и од сликите каде што се гледаат полупразни продавници, објавува Seebiz.

Луѓето купуваат конзервирана храна, вода и средства за дезинфекција додека чекаат за карантин и затворање во нивните домови.

Купувачите во Италија мораа да чекаат во редови, бидејќи трговците се обидоа да организираат групи од четириесет лица за наизменично да купуваат производи. Паника во Хрватска сè уште нема од  со вакви размери, но се чини дека трговците во таа земја ќе имаат проблем со залихите во следните неколку дена, проценува Seebiz, додавајќи дека овие денови сигурно ќе донесе невообичаено високи нивоа на обрт за трговците во овој период од годината.

Слични содржини