Паника во Милан: Ибрахимовиќ повторно се повреди

Репрезентативецот на Шведска и напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се здоби со повреда на тренингот на националниот тим и ќе го пропушти натпреварот против Естонија во 3. коло од квалификациите за Светското првенство, пренесува „Скај Спорт“.

После 15 минути работа со групата, Ибрахимовиќ го напушти тренингот и отиде во соблекувалната придружуван од лекар.

Оваа вест предизвика паника во неговиот клуб Милан. Италијанскиот клуб загрижено чека информации за степенот на повреда на нивниот најдобар играч.

Слични содржини