Паника во Париз: Дојава за бомба на Ајфеловата кула

од Stefanija Kuzmanovska

Ајфеловата кула во Париз беше евакуирана поради закана од бомба. Утрово полицијата ја огради кулата, а полициските екипи за отстранување бомби ја пребаруваат областа.

Ова се случи откако полицијата доби анонимна дојава за поставениот експлозив, пренесуваат француските медиуми.

Сите патишта кои водат до обележјето на Париз се затворени, а на минувачите им беше кажано да ја заобиколат областа, наведуваат медиумите.

Фотографиите и видеата од местото на настанот покажуваат вооружени полицајци распоредени околу Ајфеловата кула.

Слични содржини