Паника во светската елита: Кој патувал со педофилот Епштајн, што кријат неговите дневници?

од Nikola Popovski

Јавниот обвинител на Девствените острови Дениз Џорџ побарал список на патници за секој лет организиран од осудениот сексуален престапник и милијардер Џефри Епштајн со неговиот приватен авион, од 1998 година до неговата смрт во 2019 година.

Судската покана ја поднел државниот правобранител на Девствените острови, каде тајкунот Епштајн имал летна куќа во која, според жртвите, организирал забави со малолетници, кои ги користел за секс со неговите богати пријатели.

Во поканата се бараат имињата и деталите за контакт на сите што работеле како пилоти или кој „комуницирал или набљудувал“ Епштајн или сите патници поврзани со него, како и „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“,

„Записите доставени до судот ќе направат оние, што ги посочи Роџерс да бидат обележани под белешка“, изјавил извор од судството за печатот. „Постои паника меѓу многу богати и славни“.

Изворот се повикал на пилотот Дејвид Роџерс, кој ги извадил дневниците за патувања од приватниот авион на Епштајн во 2009 година, откривајќи дека меѓу патниците биле принцот Ендру, Бил Клинтон, Кевин Спејси, Крис Такер и Наоми Кембел. Жртвите кои го обвинија Епштајн за сексуална трговија нагласуваат дека во овие дневници не се вклучени летовите на копилотот Лари Висоски, кој работел за поранешниот финансиер повеќе од 25 години, летајќи со неговиот авион 727 – т.н. „Лолита експрес“.

Според властите, Епштајн се обесил во својата затворска ќелија на 10 август 2019 година, бидејќи му се заканувала затворска казна до 45 години под обвинение за сексуална трговија и педофилија.

Сепак, околностите на неговата смрт покренаа сомнеж дали тој навистина извршил самоубиство, поттикнувајќи ги шпекулациите дека можеби е убиен за да не може да сведочи против неговите славни пријатели, вклучувајќи ги принцот Ендру и Бил Клинтон.

По обвинувањата на Вирџинија Џуфра, која изјавила дека Епштајн ја принудувал да има сексуални односи со војводата од Јорк најмалку три пати, Бакингемската палата го суспендира принцот Ендру од сите кралски и јавни должности, иако тврдењата на Џуфре сè уште не се докажани. Ако во скандалот се споменат некои други имиња на таканаречената елита, тие може да се соочат со истиот притисок во јавноста.

Слични содржини