Актуелно
Почетна / Спорт / Паника во Загреб: Еден фудбалер на Динамо во болница, друг во карантин поради коронавирусот

Паника во Загреб: Еден фудбалер на Динамо во болница, друг во карантин поради коронавирусот

Фудбалер на Динамо Загреб и неговата сопруга биле испратени во болницата „Фран Михаљевиќ“ поради сомнение за коронавирус.

Неофицијално, „24 часа“ дознава дека станува збор за играчпт на репрезентацијата на БиХ, Изет Хајровиќ, чија сопруга Лејла неодамна се вратила од Милано.

Поради претпазливост, поради престојот во Италија, брачниот пар бил испратен во болница, додека капитенот на Динамо, Марио Гаврановиќ, бил ставен во карантин, бидејќи се дружеше со семејството Хајровиќ.

По овој повод, се огласија и од Динамо Загреб.

“Откако дознавме дека сопругата на еден од играчите на првиот тим на ГНК Динамо престојувала во Милано, Италија во текот на викендот, медицинскиот оддел постапи превентивно и ги упати играчот и неговата сопруга во болницата Фран Михаљевиќ. Со оглед на тоа што лицата не покажуваат симптоми на инфекција со коронавирус, моментално не се спроведени тестови, но луѓето се ставени во карантин за чие времетраење ќе зависи од надзорот и проценката на епидемиолозите. На сите играчи им се советува да избегнуваат и да го одложат патувањето во регионите погодени од коронавирусот”, се вели во соопштението на клубот од Максимир.

Во Хрватска е пријавен првиот случај на коронавирус, а се работи за лице кое се вратило од Милано, каде што било на натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија минатата недела.

loading...