Пановски: Лицата што се вакцинирани, а прележале Ковид-19 не би требало да примат трета доза

од Nikola Popovski

Оние што примиле две дози, а прележале Ковид-19 не би требало да примат трета доза, ако оваа држава би ги признала основите на науката дека тие имаат имунитет, вели микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Тој информира дека по 6-8 месеци, имунитетот со Фајзер или Модерна е намален, особено кон делта сојот.

-Кај нас е проблемот што имаме и кинески вакцини, затоа што и после вакцинирањето со „Синофарм“, опаѓаат антителата. Таквите лица, треба да примат Фајзер или некоја друга, ако првата не донела антитела. За месец дена, тие што се вакцинираа на пролет, ќе треба да размислуваат за трета доза, потенцира Пановски.

Слични содржини