Пановски: Лошо ги броиме смртните случаи, премногу се пишува Ковид-19

од Nikola Popovski

„Не може да се оправда тоа што кај нас смртноста е за 2-3 пати поголема отколку во соседна Албанија или 10 пати повеќе во однос на Грција“, изјави докторот Никола Пановски.

Според него, лошо ги броиме смртни случаи.

„Премногу се пишува Ковид-19. Беспотребно е тоа. Но, можеби и организирањето на системот и доцното јавување во болниците се причините за големиот број на починати. Имате многу смртни случаи во селските средини, бидејќи не сакаат да се лекуваат“, вели Пановски.

Слични содржини