Пановски со бесплатен совет до министерот за здравство Сали

од Берта Китинска

Министерот за здравство Беким Сали вчеравечер упати јавна покана до докторите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести,а доколку не можат да бидат дел од Комисијата, Сали им предлага да станат дел од неговиот тим на советници.

Пановски строго му возврати на Министерот за здравство, Беким Сали, дека никогаш нема да биде дел од негова Комисија, а воедно упати и бесплатен совет.

– Прво да ги тргнат сертификатите, па потоа да се разговара за комисија од која никогаш нема да бидам. Ова е мој бесплатен совет. Официјален советник на министер не би бил. Никогаш нема да сме доволно вакцинирани, и вакцинирани шират болест така да вакцини не ни штитат. Од тука не гледам потреба од сетрификатите. Сум против сертификати тоа е срам на 21 век, одговири Пановски во утринско гостување во емисијата „Здраво Македонијо“.

Вчера министерот упати јавен повеик до професорите со цел проширување на Комисијата за заразни болести.

– Како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин“, повика Сали.

Слични содржини