Пановски: Тие што сега бараат најстроги мерки, истите за месец дена ќе почнат да викаат доста е

од Vladimir Zorba

Докторот Никола Пановски во своето гостување на „Само Вистина“ на „Канал 5“ ТВ изјави дека „општеството мора да функционира“ и дека мора да живееме со вирусот и да створиме колективен имунитет.

– Луѓето викаат дека треба цела Македонија да се стави во карантин и на тоа инсистираат, дури и опозицијата која треба да биде полиберална. Сакаат се да се затвори но со која цел? Кој ќе не храни нас,ако самите не се храниме? Кој е тој пријател кој ќе ни носи храна? Можеби на Србија Кина ќе и носи, нас нема кој да ни носи. Значи ние мора да живееме со вирусот, да го контролираме, вели тој.

Според него луѓето не треба уште во јуни да почнат да одат по гости и да прават скари, бидејќи по месец-два повторно луѓето ќе треба да одат во карантин и децата нема да тргнат во училиште, па ќе се чека вториот пик, додека не се создаде колективен имунитет или не се најде вакцина.

– Друга варијанта е да го пуштиме вирусот да се шири меѓутоа да ја држиме физичката дистанца и понатаму. Да се прекине со полициски часови, да ги заштитиме старите луѓе од децата, тие први да се имунизираат природно. Тие потоа ќе ги имунизираат своите родители итн. додека не се пронајде вакцина. И третата е што сите се надеваме дека ќе го снема, како што ги снемува грипот или некои други епидемии. Луѓето треба да се навикнат, да не бараат уште построги мерки, бидејќи тие што сега бараат најстроги мерки, истите за месец дена ќе почнат да викаат доста e. Можеби догодина ова време ние се уште ќе држиме социјална дистанца, заклучува Пановски.

Слични содржини