Папа Франциск повреден од одлуката на Ердоган за Аја Софија

од Vladimir Zorba

Папата Франциск рече дека е повреден од одлуката на Турција да се направи Аја Софија џамија и го осуди овој потег.

„Моите мисли одат во Истанбул. Размислувам за Аја Софија и многу сум повреден“, рече папата за време на молитвите во неделата на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесува Ројтерс.

Како што објави турскиот претседател Ердоган, Аја Софија како џамија ќе биде „отворена“ со џума (молитва во петок) на 24 јули.

Слични содржини