Папата Франциск: Еднаквост на жените за помирен свет

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск го осуди насилството и предрасудите кон жените, велејќи дека еднаквите плати и можности ќе создадат помирен свет.

Во предговорот на книгата објавена од веб-страницата Vatican News на Меѓународниот ден на жената, папата ги нагласи разликите меѓу мажите и жените, но исто така повика на „еднаквост во таа различност“ на полето кое е „отворено за сите играчи“, објави „Ројтерс“.

„Сакам да верувам дека доколку жените имаат еднакви можности, би можеле значително да придонесат за неопходните промени кои ќе донесат светски мир, инклузивност, солидарност и интегрална одржливост“, рече папата.

Слични содржини