Папата Франциск: Светот е на раб на бездна

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот поглавар на Католичката црква, папата Франциск, денеска апелираше до верските водачи да му помогнат на светот кој е на „кревкиот раб на бездната“ и да се спротивстават на новата трка во вооружување која, според него, ги враќа сферите на влијание од Студената војна, пренесува „Ројтерс“.

„По две ужасни светски војни, Студената војна која го држеше светот во тензија со децении, ужасни конфликти во секој дел од земјината топка, среде обвинувања, закани и осуди, сè уште сме на кревкиот раб на бездната и не сакаме да паднеме“, рече папата Франциск во својот говор.

„Неколку моќни луѓе се заробени во битки за сопствените интереси. Тие ја оживуваат застарената реторика, ги прекројуваат границите на сферите на влијание и блоковите“, подвлече папата.

Слични содржини