Папата Франциск го осуди бомбардирањето на украинските градови

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска го осуди „безмилосното бомбардирање“ на украинските градови и оцени дека нападите предизвикале ураган на насилство врз нивните жители.

Обраќајќи им се на стотици луѓе на општа публика на плоштадот Св. Петар ги повика „оние кои ја држат судбината на војната во свои раце“ да престанат.

Најмалку 26 лица се убиени ширум Украина во најголемата руска воздушна офанзива од почетокот на инвазијата во февруари.

„Моето срце е секогаш со украинскиот народ, особено со жителите на местата изложени на безмилосно бомбардирање“, рече Папата.

„Нека Духот Божји ги преобрази срцата на оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце, така што ураганот на насилство ќе престане и ќе се врати мирниот соживот во правдата“, истакна тој.

Слични содржини