Папата Франциск предупреди на „вирусот“ на конзумеризмот во декември

од Maja Serafimova

Папата Франциско предупреди на зголемениот конзумеризам во периодот до Божик, што почна со Црниот петок, истакнувајќи оти желбата за трошење претставува „вирус што ја напаѓа верата во самите корења“.

– Мораме да се соочиме со илузијата дека човекот е среќен кога поседува многу работи. Спротивставете се на сјајните светла на конзумеризмот што овој месец свети околу нас, изјави папата Франциско.

Тој се одлучи да го коментира конзумеризмот во момент кога западниот свет го остави зад себе Црн петок, а денеска се соочи со Кибер понеделник.

Купувачите во САД само во купување преку интернет потрошија рекордни 7,4 милијарди долари на 29 ноември, за Црниот петок.

Папата Франциск го осуди конзумеризмот што го наметнува правилото „никогаш доволно работи“.

– Мораме да се спротивставиме на искушението дека смислата на животот е во трупање, истакна папата Франциск.

Слични содржини